Последици од илинденските журки во Охрид

12

Покачена температура, болка во грлото и дијареа. Повеќе млади лица кои летувале или се уште се во Охрид деновиве пријавуваат вакви симптоми. Нивните родители зачестено ги контактираат охридските епидемиолози кои пак ги упатуваат до матичните лекари во градовите од каде што доаѓаат за да се провери дали станува збор за присуство на вирусот Ковид 19.

Епидемиолозите велат постојат индикации дека ваквите појави се поврзани со несовесното однесување на илинденските журки, но со точност последиците ќе се видат во следните 5 до 10 денови.

Во меѓувреме бројките на новозаболени во Охрид и во Струга не стивнуваат, но засега активните случаи потекнуваат од семејни кластери.

Во Охрид моментално има околу 80 активни случаи додека во Струга се регистрирани преку 150 позитивни лица на Ковид 1