Последната фотографија на Никол Кидман ги разочара фановите: Што се случува со лицето на познатата Оскаровка?

10

Актерката Никол Кидман е една од најценетите холивудски диви. Таа оствари неколку култни улоги, а нејзиниот порцелански тен и светла боја на коса од почетокот се нејзиниот заштитен знак.

Сепак, кога станува збор за методите за „разубавување“ на оваа актерка, многумина имаат поделено мислење.

54-годишната Кидман со последната објава на Инстаграм дала до знаење дека не се откажува од своите начини во борба против стареењето.

На фотографијата на која позирала со Лулу Ванг, режисерка на нејзината нова серија „Expats“, обожавателите забележале дека лицето на Никол изгледа затегнато и отечено.

„Зошто го правиш ова? Природно си прекрасна“, „Што се случува со твоето лице?“, гласат коментарите под објавата.

Иако Кидман со години го припишува својот изглед и блескав тен на здравиот начин на исхрана, негирајќи дека се подложила на било каква естетска операција, во 2011 година откри дека пробала ботокс.

„Пробав многу работи, но освен спорт и добра исхрана, повеќето нешта не прават никаква разлика. Дури и испробав ботокс, но не ми се допаѓаше како изгледаше моето лице потоа. Сега повеќе не го користам и повторно можам да го мрдам челото“, изјави актерката тогаш.

Но, судејќи по сè, се чини дека подоцна го променила мислењето, а нејзините фанови се согласни дека таа е природно убава и дека естетските зафати се само „вишок“ на нејзиното лице.