Последните преговори

Како треба да се гледа одлуката за започнување на конечните преговори со ЕУ? За мене и мислам и за цела генерација што ја виде падот на поранешниот монистички систем и пред тоа, почетокот на градењето на европската идеја за Албанците, тоа е конкретна оживотворение на големата цел. Овој момент дава нов поттик дека европската идеја, европската мисла, европскиот живот може да се постигне и во нашето време. Тоа е фасцинантно, кога се знае дека годините на историските процеси и животите на луѓето немаат иста вредност

38

Ако ги прегледуваш вестите од Интернетот што ги собира, ќе видиш дека почетокот на преговорите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, што е последна фаза една земја да стане полноправна членка, се чини дека не забележува. Во мојата професионална кариера, со стотици пати сум известувал за ЕУ, Комисијата, Комесарите, Асоцијацијата, Стабилизацијата и Асоцирањето… и денеска сето тоа паѓа под сенка. Секако, приоритетите се менувале и со здравјето нема, Коронаго прави своето, НО и овој пат треба да се вели едно големо НО,се реализира една од најсуштинските аспирации која, сепак ја бара нашето внимание.

И сега кога сме кај оваа толку посакувана фаза, не справувајќи се многу со Франција и доцнењето што ја предизвика за неколку месеци, не продолжувајќи многу сега околу доцнењетосо години што ги донесе политиката на самиот овој процес, во суштина,како треба да се гледа одлуката да започнувањето на преговорите?

Најпрво за мене и мислам за цела генерација која ја виде падот на поранешниот монистички систем и пред него, почеток на градењето на европската идеја за Албанците, тоа е конкретна реализација на големата цел. Секако, треба се уште работа до крајот и ќе зборувам и за тоа, но до оваа фаза, моментот дава нов поттик, дека европската идеја, европска мисла, европскиот живот може да се постигне и во нашето време. Тоа е фасцинантно, кога се знае дека годините на историските процеси и животите на луѓето немаат иста вредност. Уште повеќе добива во значај, тоа кога се знаат големите жртви што се направени, од губењето на работните места, затворитеи до губењето на животите и борбата за идејата на Европа и слободата што требаше да ја донесува ослободувањето базирано на Европа.

Второ, заедно со зачленувањето во НАТО, станува збор за редењето на регионот во лентата на западните демократии, каде речиси земјата може да се остави со „авто пилот“, затоа што нема да се движи долго од оваа линија.

Просто, не станува збор за постигнувањето на еден од најзначајните приоритети на земјата, всушност за Северна Македонија е од витално значење. Тоа е најсилен кохезивен магнет што ги поврзува аспирациитена сите, без оглед на разликите што ги имаат. Изразеноматематички, тоа значи дека е најмал заеднички именител на сите, но што е со поголем влечен капацитет, одржувајќи го функционално државата и општеството. Затоа, овој датум, 24 март 2020 година треба да се запомнува како големаискра што ќе му даде следниот поттик, а потоа ќе треба целосно да влезе во историја, тоа на полноправно зачленување.

Бидејќи сме во време на пандемија и техничка влада, овој момент ќе треба да се доживува само во корист на луѓето иникако со политичка еуфорија. Затоа што кога сме кај политиката, таа сама со години предизвикуваше одложувања, без оглед на спектарот, додека од сега и понатаму нејзе како никогаш повеќе ќе му се гледа потенцијалот и желбатаза да ја води земјата напред. Едно кратко објаснување, што веројатно сте го слушнале, но вреди да се спомне повеќе за политиката, отколку за нас што секојдневно едвај чекаме да гогледаме напредокот на општеството:

Започнувањетона процесот во последната фаза на зачленувањето значи дека една земјакандидат ќе ги започне преговорите меѓу владините тела, во овој случај на Северна Македонија и земјитечленки на ЕУ со цел да се подготвува полноправното членство. Со други зборови, ЕУ најпрвин ќе ги разгледува сите капацитети во различни области, но и спроведувањето на законите и ќе се преговара кои измени треба да се направат и што е значајно, ќе се одредува времето и роковите за примената на процесите, како што се одобрувањето и спроведувањето во пракса. Значи,ќе се водат преговори за конечните рокови за исполнување на финалните услови за членство.

Тоа е многу значајно за нашата политика, затоа што притисокот сега ќе биде директен, и ќе се гледа способноста на администрацијата, но и на самите политичари, бидејќи тоа ќе се мери со времето што тие ќе ги реализираат условите за членство. Поглавје по поглавје, во сите области, сетреба да се исполнува. Сега методологијата се променила од минатата пракса, како барање на Франција, што значи дека во оваа фаза може да има повторно враќање на процесите и повторување на задачите, што повторно ќе се поврзува со способноста на администрацијата и на политиката да ги исполнува критериумите.

Со почетокот на преговорите завршуваат сите алиби за можнитезадоцнувања. Ако го земаме како пример, Хрватска , која му се придружи на ЕУ со претходната методологија, аплицираше во 2003 година, како официјален кандидат, беше препорачана во 2004 година и стана полноправна членка во 2013 година. Македонија бидејќи веќе 15 години е во чекална, најпрвинпоради проблемот со името, а потоа со промената на името, поради Франција и Холандија, во теорија, подготвителната фаза, веќе треба да ја знае. Меѓутоа, дали ќе биде така? Шансата е дека ние, генерација на европски идеи, ќе постигнеме полноправно членство. Овој момент ќе биде тест за тоа колку биле реални реформите во администрација. Но, и подалеку од овој факт, од овој момент ќе се гледа колку ќе можат партиите да соблекуваат од нивните тесни партиски и лични интереси и да се приближат до преговарачките процеси со најспособните на земјата. Колку ќе се отворат конечно кон напредокот.

Досега видовме игра на зборови што се однесува до промените, новитедонесувања, создавање на нови политики, од партиите, но од овој момент ако има трошка реалност во изјавите, тогаш ќе гледаме веднаш отстранувањето на медиокритетот, како во партија така и во владеењето. Преговорите за членство нема да бидат лесни, секоја држава напредува според капацитетите што ги има, а би било катастрофално што овој момент каде се бара реално вештини, да не се употребува и за „чистење“ на самите партии од тие мрзливи и неспособни, што можеби имале партиска вредност порано, но нема да бидат компатибилни со другите барања, но и за вистински напредок.

Всушност, и ако не сакаат, самото барање и притисокот, партиите ќе ги принудат да ги бараат вистинските луѓе. Тоа ќе биде моментот на предизвикотна реално отворање на партиите и владитеза експертите, за професионалците и за сите тие кои немале партиска склоност, но што се неопходни за постигнувањето на крајната цел. Ќе треба да се користи и како момент кога општеството, но повеќе од случајните во функции и во политика, да гледаат дека заминало времето на пријателот и атерот и дека дојде времето на мерито-кратијата (заслугите). Всушност, за многу причини, но и затоа, луѓето ја сакаат ЕУ. На политичко рамниште, реков колку е суштински епоследниот пресврт на Северна Македонија, знаејќи веќе каде иприпаѓа, во практична смисла, а во меѓувреме сега треба да се засукуваат ракавите, каде политичкиот начин на размислување треба да го надминуватоа од минатото. Веќе не можеш да кажеш дека сме за членство во ЕУ, а да не знаеш европски јазик, европско законодавство, да не си прочитал стотици илјади страници со регулативи,да не си или да немаш експерти кои ќе ги реализираат сите тие услови и барања за членство, кога ќе знаете дека веќе нема пречки.

Од тука, се поставува прашањето, колку експерти на ЕУ, на пример, во енергетика, екологија, земјоделство и др.,ги имаат нашитепартии? Дали мислеле лидерите дека помина времето на празна реторика и беззначајни говори? Ете,бевме на пресрет на изборите, вие ги видовте презентирањето или приближувањето на експертите, па дури и на иницијативите за подготовка на експертите за преговори со ЕУ, од партиите?

Одговорите ги давате сами. Тоа што може да се каже во оваа фаза, е дека партиите треба да ги идентификуваат, приближуваат, да создаваат услови за подготовка за сите способни, кои треба да бидат заедничко средство, без оглед на партиите. Да се научат да гледаат подалеку од малите интереси и приоритет да имаат реално полноправното членство.

И трето, што е по суштинско за партиите, треба да започнат да ги прифаќаат европските вредности, слободите, начинот на размислувањето, и за она што веќе неколку лидери, ниту знаат и ниту се подготвени да ги трпат овие реалности. Меѓутоа, од друга страна, веројатно така ќе започне и природната селекција на тие кои треба да ја напуштат политичкиот простор, со влегувањето во моштите на застарената политика. Започнувањетона преговорите е предизвик, но и земјотрес за способните од една страна и просечните и лажните од друга страна. Особено, тие лажните кои сега ни го потврдуваат уште повеќе колку е големо и колку е можен е европскиот сон, јасно и сигурно,без нив!

(Авторот е редовен колумнист на весникот КОХА)