Потврдено: Велешанецот кој што почина пред четири дена бил позитивен на коронавирус!

Денес во Центарот за јавно здравје Велес, пристигнаа резултатите за починатиот 78 годишен велешанец и тие се позитивни на Коронавирусот, пишува порталот велес365.

15

Откако велешанецот кој пред 4 дена не беше примен на Инфективното оделение во велешката болница, бидејќи му кажале дека нема симптоми на Корона вирусот, почина во својот дом, сепак резултатите биле позитивни на Коронавирусот.

Него претходно му бил земен брис за Коронавирусот, поточно во вторникот, но во текот на денот неговото здравје нагло се влошило. Семејството со брза помош го однело на инфективното оделение во велешката болница.

Медицинскиот персонал одлучил дека нема симптоми на корона вирус и не го примиле на понатамошно лекување во инфективното оделение.

Тој во текот на истата вечер, починал во својот дом.

Од велешката болница до вчера не сакаа да дадат никаква изјава, но само кратко изјавија дека се следеле протоколите, и дека според епидемиолошката анкета било утврдено дека починатиот немал никаков контакт со заразено лице со Коронавирусот, и за тоа тие не го хоспитализирале.

Исто така и министерот Филипче во текот на вчерашниот ден, не сакаше да го коментира овој случај се додека не ги добијат сите информации и испитувања. Тој само додаде дека овој случај е налик на случајот со починатата жена од Охрид.

 

Извор: велес365