Потпретседателот на руската влада: Европа нема да може без нашата нафта

16

 

Русија ќе причека додека не станат јасни конечните параметри на ембаргото на Европската Унија, бидејќи не разбира што може да ги замени руските нафтени производи во Европа, кажа потпретседателот на руската влада Александар Новак за агенцијата ТАСС.

„Европа беше клучниот пазар за продажба на нашите нафтени деривати, но да причекаме да видиме кои долгорочни одлуки ќе ги донесат. Засега не знаеме што би можело да ги замени нашите енергенси“, кажа Новак.

Тој не ја исклучи можноста некои држави да бидат изземени од ембаргото на испораки на руски нафтени деривати.

Сè укажува дека потрошувачката на енергија ќе расте во иднина и не можеме да замислиме како би изгледала светската економија без нашите енергенси. Никој не може да нè замени, кажа Новак.

„Веројатно Европа ќе примени исклучоци, како што беше со нафтата кога санкциите не важеа за снабдување со нафтоводи на рафинериите во Унгарија, Чешка и Словачка. Дури и Германија и Полска, кои се изјаснија дека не сакаат повеќе да купуваат руска нафта, аплицираа за 2023 година“, кажа Новак.

Тој потсети дека забраната за купување руска нафта стапи на сила на 5 декември, но дека тоа не се однесува на нафтоводот Дружба, преку кој нафта и понатаму им се испорачува на Словачка, Чешка и Унгарија.