Почина Вилијам Шекспир – првиот маж во светот што прими вакцина против ковид

14

На 81-годишна возраст почина британецот Вилијам Шекспир кој стана познат за јавноста како втор човек во светот, а прв маж, кој прими вакцина против ковид-19. Како што пренесе Би-би-си, тој починал од болест која не е поврзана со коронавирусот, односно од мозочен удар.

Шекспир се вакцинирал во декември минатата година со вакцината на „Фајзер“, веднаш по 91-годишната Маргарет Кенан.

Членовите на семејството и неговите блиски пријатели велат дека тој бил многу горд и среќен што се вакцинирал меѓу првите луѓе во светот.

„Најдобар начин да му оддадете почит на Бил е да се вакцинирате“

изјавила неговата пријателка Џејн Инес.
Шекспир пред пензионирањето работел за „Ролс Ројс“.