Почина дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника

55

На ковид одделение во Кавадарци починал дедото на двете момчиња кои претходно починаа на Инфективната клиника. Оваа информација дополнително ја растревожи Тиквешијата, откако претходно ја обзеде жал по 26 и 21 годишните млади кавадарчани.

– Точно е дека на ковид одделението почина лице со истото презиме и на истата адреса како и момчињата, за МИА утрово потврдија од кавадаречката болница.

Оттаму ни кажаа дека две лица починале на тоа одделение во изминатите 24 часа, со многу сериозни коморбидитети. Едното на 77, а другото на 74 години.