Почина Жарко Луковски – поранешен извршен директор на T-Mobile

25

Попладнево починал бизнисменот и поранешниот главен извршен директор во „T-Mobile“, Жарко Луковски.

Последните години во јавноста беше познат како еден од вмешаните во контроверзната оф-шор фирма Ексико. Името на Луковски се споменуваше и во скандалот “Рекет” како еден од бизнисмените на кои им бил изнуден рекет за да им биде запрена истрага за контроверзни бизниси, но тој како што беше објавено наводно го демантирал таквото тврдење.

Редакцијата на KOHA изразува сочувство до семејството.