Почина Марјан Додовски, првиот министер за животна средина и поранешен пратеник

17

Поради компликации од коронавирусот денеска почина Марјан Додовски, првиот министер за животна средина и просторно планирање од 1998 до 2002 година. Додовски беше пратеник во Собранието од 2006 до 2008 година, а потоа и член на Советот на Град Скопје.

Веста ја соопшти неговата поранешна сопруга Иванка Василевска на нејзиниот Фејсбук профил.

„Во длабока жал ве известуваме дека ноќеска, на државната клиника, прерано не напушти Марјан Додовски“ напиша таа.

Додевски беше член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, претседател на комисијата за животна средина и координатор на изборни единици.