ПОЧИНА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ Давид Сасоли не го заврши својот мандат

4

По тешко двонеделно боледување во болница почина Давид Сасоли, 65-годишниот претседател на Европскиот Парламент, соопшти неговиот портпарол на Твитер. Сасоли почина седум дена пред официјално да го заврши неговиот мандат, а тој и лани во септември бил хоспитализиран поради пневмонија и тоа на среде седница на Парламентот во Стразбур.

Пред да влезе во политиката, Сасоли работел како новинар за „Ил Темпо“ во Рим, а потоа и за „Ил Џорно“ во 1985 година, каде што како известувач посведочил бројни историски настани од крајот на дваесеттиот век. Една од нив е и падот на Берлинскиот ѕид. во ноември 1989 година. Во неговите биографии стои дека во приватниот живот бил оженет со Алесандра Виторини со која ги добил синот Џулија и ќерката Ливија и дека бил навивач на локалниот тим АЦФ Фиорентина.

Сасоли последен пат ѝ се обрати на јавноста кон средината на декември, пред да биде хоспитализиран. Изборот на нов шеф на ЕП, кој е една од трите најважни институции на Европската унија, е закажан за 18 јануари на пленарната седница во Парламентот.