Почина Ферус Мустафов

6

Кралот на саксофонот, Ферус Мустафов починал синоќа во ГОБ „8 Септември“, каде беше хоспитализиран откако доживеа мозочниот удар кон крајот април. Тажната вест ја потврди неговата сопруга Јелена, која изјави дека ќе му ја исполнат последната желба, а тоа е да биде погребан во Штип.

„Починал ноќеска, нам лошите вести утрово нѝ ги кажаа. Скршени сме од болка, сите се надевавме дека ќе оздрави и ќе нѝ се врати, но за жал нѝ замина. Многупати досега кажал дека кога ќе дојде судниот ден сака да биде погребан во Штип. Тоа е негова последна желба и ќе му ја исполниме, вели Јелена.