Почина човекот кој одигра клучна улога во прекинот на војната меѓу Ирак и Иран

18

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации, Хавиер Перез де Кулеар почина во 100-та година од животот, соопштија ОН.

Перуанскиот политичар ја извршуваше должноста генерален секретар на ОН во два мандати, од 1982 до 1991 година.

Тој одигра клучна улога во ставањето крај на иранско-ирачката војна, со ослободување на американски заробеници и постигнување на мировен договор меѓу Камбоџа и Ел Салвадор.

По неговата кариера во ОН, де Кулиер се ангажираше на повторно воспоставување демократија во родното Перу.

Неговиот син рекол дека неговиот татко починал дома од природна смрт.

Актуелниот генерален секретар на ОН, Антонио Гутереш го нарече перуанскиот политичар „лична инспирација“.