Почина Шинзо Абе

13

Почина поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе, соопшти јапонската национална телевизија.

Шинзо Абе починал во болницата каде што добивал медицинска помош, во близина на нападот во Нара, изјави висок функционер на Либерално-демократската партија, пренесува јавната телевизија НХК.

67-годишниот Абе, кој и понатаму е јапонски премиер со најдолг стаж, беше застрелан додека држеше говор во кампањата.

Осомничениот напаѓач – пријавен дека е маж на 40-годишна возраст – бил совладан на самото место и уапсен.