Почна гласањето за детска Евровизија: Дајте го својот глас за Лара, Ирина и Јован

5

Вчера започна онлајн гласањето за годинашното издание на детската Евровизија, а ќе заврши утре (11 декември) во 15.59 часот, односно непосредно пред почетокот на финалната вечер.

Гласањето се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот – https://vote.junioreurovision.tv.

Според правилата, секој може да избере три омилени песни, а може да се гласа и за сопствената држава. Исто така, важно е да се напомене дека од еден електронски уред (компјутер, таблет, мобилен телефон) може да се гласа неограничено.

Последното гласање ќе биде повторно отворено на 11 декември, во времетраење од 15 минути по завршувањето на изведбата на последната композиција, на истата веб-страница.

Резултатите се добиваат како комбинација од онлајн гласовите на интернационалната публика (50% од вкупните бодови) и поените од професионалните жирија (50% од вкупните бодови).

Па, да ги поддржиме нашите ѕвездички Лара, Ирина и Јован и да гласаме за нив!