Почна тестирањето со брзи тестови за ковид 19, термините експресно се пополнуваат!

49

Почна тестирањето со брзите тестови, потврдуваат за весникот ВЕЧЕР од Поликлиниката Ѓорче Петров.

-Тестирањето почна во 8 часот утринава и првите пациенти веќе ги имаат резултатите од тестирањето, потврди управничката др. Катерина. Таа рече дека интересот за брзото тестирање е огромен и први слободни термини има за неколку дена.

-Тетовите со со голема точност, кратко изјави управничката на Поликлиниката весникот ВЕЧЕР, а за подетални информации не препрати во Министерство за здравство.

Неофицијално, нема слободен термин до крајот на неделава.

Станува збор донација од 13 000 брзи тестови кои се најнова технологија со која за 15 минути се утврдува дали кај тестираниот е присутен вирусот Ковид-19. Тестовите ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде се врши тестирањето.

„13 000 брзи тестови ќе бидат дистрибуирани по сите пунктови каде што се прават тестирања. Тоа се брзи тестови кои што се готови за 15 минути, тоа се најновите тестови, најновата технологија, со тоа уште повеќе се зголемува капацитетот на сите државни лаборатории и тоа ќе стане и редовна пракса на тестирање“, најави министерот Венко Филипче.