Почнува гласањето за наследник на Борис Џонсон

0

Членовите на британската Конзервативна партија почнуваат да гласаат оваа недела за да го изберат нивниот нов лидер, кој ќе го наследи Борис Џонсон на премиерската функција. Гласањето трае до 2 септември.

Како што пренесуваат британските медиуми, Трaс добро се снаоѓа во анкетите на јавното мислење по првите телевизиски дебати во кои се соочи со поранешниот министер за финансии.

Членовите на владејачката партија, чиј број не се знае точно, но се проценува на околу 200.000, имаат рок до 2 септември да гласаат за својот фаворит. Резултатите ќе бидат објавени на 5 септември. Гласачките ливчиња треба да се добијат до крајот на неделата. По многу отворениот почеток на кампањата и серијата од пет гласа резервирани само за пратениците кои требаше да ги изберат двајцата финалисти, тензијата изгледа стивна.

Риши Сунак (42), кандидат фаворизиран од конзервативните пратеници и пофален за неговите потези за време на пандемијата со Ковид-19, е помалку популарен кај пошироката партиска база. Од друга страна, 47-годишната Трас во последниве денови доби голем број одобрувања од истакнати членови на партијата, вклучувајќи го и секретарот за одбрана Бен Валас.

„ Тоа е многу тесна трка и се борам за секој глас“, рече Трас за време на кампањата за викендот. Иако на почетокот делуваше поригидно и помалку опуштено во некои дискусии, последниве денови е посигурна во себе.