По Вашингтон и Брисел, и Анкара ја одби Теута Арифи

366

Сkопје, 30 април – Се чини дека Теута Арифи, поранешна градоначалничка на Тетово, нема да може да се вклучи во македонската дипломатија. По Вашингтон и Брисел, и официјална Анкара одби г-ѓа Арифи да биде амбасадор на Северна Македонија во Турција.

Официјални извори за весникот КОХА информираат дека по одбивањето на Вашингтон и Брисел, Владата и Министерството за надворешни работи се обиделе да ја испратат г-ѓа Арифи амбасадорка во Анкара, Турција. Сепак, официјалниот одговор на Турската Република е брз – акредитивните писма на амбасадорот нема да бидат одобрени.
Весникот КОХА дознава дека одбивањето на г-ѓа Арифи се случило неколку дена откако Министерството за надворешни работи и го испратило името во Брисел на амбасадорот, додека за да ги покријат причините за одбивањето, Владата и МНР побрзале да го испратат името на г-ѓа Арифи како амбасадор во Анкара, Турција. И оваа држава ја отфрли истата.

Инаку, Теута Арифи беше одбиена и од Вашингтон. Официјалното одбивање не стигна ниту до Министерството за надворешни работи, ниту до Владата, но повеќенеделниот молк на американскиот Стејт департмент значеше дека Теута Арифи не сакаше да ја претставува Северна Македонија како амбасадор во Вашингтон. (koha.mk)