По изборниот пораз Трамп два дена игра голф

19

Со дигнати палци во знак дека се е во ред, американскиот претседател Трамп е забележан како го напушта својот голф клуб во Вирџинија. Тој два дена со ред игра голф, откако американските медиуми објавија дека ја изгуби трката за реизбор за претседател. Трамп не ги признава резултатите од гласањето според кои демократот Бајден е новиот американски претседател, тој постојано ги оспорува резултаите иако нема докази за голема проневера со гласовите. Во јавноста не се обратил од четвртокот. Од неговиот тим велат дека денеска ќе одржи неколку митинзи, но не откриваат каде и кога.

Додека Доналд Трамп ја продолжува борбата за задржување на функцијата, на агендата на Бајден денеска е првиот состанок со неговиот тим за борба против коронавирусот за да го испита најголемиот проблем со кој ќе се соочи кога во јануари ќе ја преземе власта. Од пандемија на корона вирусот досега уби во САД починаа 237.000.

Бајден освои четири милиони гласови повеќе од Трамп, со што го надмина надмина прагот од потребните 270 електорски гласови.

Рускиот претседател Путин ќе ги почека официјалните резулати пред да му честита на Бајден за победата, додека пак Меркел веќе го стори тоа истакнувајќи ги приоритетите на транатланската политика.