По нападот во Ница, уапсено 23-годишно момче (видео)

9

Француската полиција го уапси 23-годишниот напаѓач за кого постои обвинение дека со ноќ убил три лица во Ница.

Според медиумите, на една жена и ја отсекол главата, додека пак неколку луѓе повредил во близина на катедралата Норт Дам.

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси наведува дека се работи за терористички напад во кој напаѓачот извикувал „Алах Акбар“ (Бог е голем) дури и после апсењето.

„Полицијата го ранила осомничениот при апсењето. Во моментов е жив и се наоѓа во притвор“, истакнал Естроси пред новинарите.

За сега не се знае многу за самиот напаѓач затоа што немал документи кај себе, а полицијата му зела отпечатоци од ножот и се надеваат дека во најскоро време неговиот идентитет ќе биде утврден.