По одлуката на Бајден, Авганистанците во очајна трка со времето

10

Очајните Авганистанци кои се уште се обидуваат да побегнат од животот под талибанците се соочија со нова препрека. Претседателот на САД Џо Бајден потврди дека евакуацијата од Кабул ќе се одвива како што првично беше договорено со талибанците, до 31-ви август, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 70 илјади лица веќе се евакуирани, но голем број луѓе и понатаму се заглавени на аеродромот во Кабул, надевајќи се дека ќе побегнат од талибанците.
Бајден потврди дека целосно ќе ја повлече американската војска на 31-ви август, а по него истото ќе го направат и останатите сили кои ги евакуираат луѓето од Кабул.
Авганистанците и понатаму стравуваат од повторување на талибанскиот режим кој беше срушен во 2001-вата година.

Хаосот и понатаму преовладува на аеродромот во Кабул, а тој се очекува да се зголеми во наредниве 5 дена, како што се приближува датумот за повлекување на американските и европските војски.

Германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас изјави дека и да биде продолжен датумот за евакуација на народот, пак нема сите граѓани да бидат извлечени од државата.

Талибанците пак, уште се обидуваат да ги убедат авганистанските граѓани да останат во земјата, ветувајќи им дека нема да бидат повредени и дека нема да се одмаздат за тоа што им се случило во 2001-ва година.

#евакуација #авганистан #џо бајден #препорачано