По тешката битка со ракот, почина ќерката на Јулија

26

На 41 годишна возраст почина уметницата Андријана Мациевска, ќерката на познатата пејачка и водителка Јулија Мациевска, која долг период водеше битка со канцерот.

Нејзината мајка Јулија пред неколку дена јавно упати апел на социјалните мрежи со цел луѓето да се помолат за влошената состојба на нејзината ќерка Андријана која храбро се бореше со битката со ракот на онкологија. Андријана по влошувањето на состојбата беше однесена на Клиниката за онкологија.

„Драги мои пријатели, помолете се за моето девојче, за мојата хероина, мојата светлина. Молете се за Божје чудо, зашто Андријана во болка се бори за својот живот на клиниката за онкологија. Верувам дека Бог ќе направи чудо, зашто за Бога е возможно сè. Секој на свој начин испратете љубов, испратете молитва, да го крене моето девојче. Господе помилуј, Оче спаси нас“, објави Јулија на својот профил на Фејсбук.

Андријана Мациевска беше академски сликар, а зад себе ја остави ќерката Стефанија. На социјалните мрежи пријателите и колегите започнаа да се простуваат од неа.