По три недели пауза учениците се враќаат во училиштата – синдикалците незадоволни од одлуката на СОНК штрајкот да биде ставен во мирување

15

Одлуката на Синдикатот за образование да го стави штрајкот во училиштата во мирување ги раскара синдикалците.

Дел од нив протестираа пред седиштето на СОНК со барање за нов колективен договор, а не колку проценти ќе им се зголемат платите. Штрајкот во основните и средните училишта е ставен мирување и следните 20 дена ќе преговараат со владата.

Децата после три недели изгубена настава денеска се враќаат во училишните клупи.

Во синоќешното гостување во емисијата Вин-вин на Телма, министерот Шаќири, рече дека во разговорите со СОНК биле блиску до решение, но дека сонк во последен момент ја променил својата одлука.