По 17 години повторно во љубов: Џеј Ло и Бен Афлек уловени на романтичен викенд ФОТО

21

Веста дека латино дивата Џенифер Лопез и холивудскиот заводник Бен Афлек се повторно заедно ги воодушеви обожавателите ширум светот.

Тие биле фотографирани заедно во автомобил и додека се качуваат во приватен авион, а странските медиуми се распишаа дека биле на романтичен викенд во Монтана. Странските портали објавија ексклузивни фотографии од славната двојка, снимени заедно првпат, 17 години по прекинувањето на свршувачката.

Инаку, Бен ја запроси Џнифер во 2002 година, а потоа раскинаа непосредно пред самата венчавка во 2004 година.

Останале во контакт сите овие години.

– Се слушаме одвреме-навреме и многу ја почитувам. Зарем не е неверојатно некој да го направи својот најголем филмски хит на 50-годишна возраст? – рекол Афлек за поранешната партнерка во една прилика.

Бен Афлек во јануари раскина едногодишната врска со младата актерка Ана де Армас, новата Бод-девојка, а Џенифер пред неполн месец ја раскина свршувачката со бејзбол играчот Алекс Родригез, по четири години љубов.