Правилата за влез во Грција непроменети и продолжени за уште една седмица

3

Сертификат за вакцинација или потврда за прележан Ковид-19 или негативен ПЦР/рапид тест, заедно со пополнет PLF формулар и понатаму се задолжителни за влез во Грција, согласно новата министерска одлука, која важи и за државјаните на Северна Македонија, а продолжена е за уште една седмица, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за да се ограничи ширењето на Ковид-19“, веќе е објавена во Службен весник на Грција, нема промени во однос на минатата седмица, стапи во сила во шест часот утрово и ќе важи до следниот петок 22 октомври.

За влез од Северна Македонија во Грција отворени се сите гранични премини, кои работата 24 часа.