Правото на глас до 19 часот го оствариле 830,370 граѓани, во Демир Хисар, Гевгелија и Македонски Брод над 60 отсто излезност

5

Државната изборна комисија ги собра податоците за одзив на гласачи до 19 часот и од вкупно 3463 обработени гласачки места, 830,370 граѓани го оствариле своето демократско право, или во проценти, 45,77,

Во ИЕ1 до 19 часот 47,4 отсто од запишаните гласачи партиципирале во изборниот процес. Во ИЕ2 43,4 отсто, додека пак во ИЕ3 правото на глас го оствариле 51,52 отсто.

Во Изборната единица 4, до 19 часот одзивот е најголем споредбено со останатите, 53,24 отсто го легитимизирале изборниот процес. Во ИЕ5 забележан е одзив од 44,89 отсто, а најмал одзив се нотира во ИЕ6, 35,49 отсто.

Посебно во општини:

Во ИЕ1 се издвојува по излезност Македонски Брод со 64,68 отсто излез на парламентарните избори и општина Сопиште со 53,64 отсто. Во ИЕ2, општина Бутел и општина Ѓорче Петров бележат релативно висока излезност од над 47 проценти. Излезноста во Берово и Лозово во ИЕ3 е 56,45 односно 65,25 отсто.

Излезноста во Гевгелија и Неготивно е највисока во ИЕ4 со повеќе од 62 отсто, а излезноста во ИЕ 5 е најголема во Вевчани со 64,11 отсто, Демир Хисар 62,98 и Кривогаштани 63,1 отсто.

Во ИЕ 6, Јегуновце и општина Тетово бројат излезност од 40,52 и 40,93 отсто.

Од Државната изборна комисија не јавуваат за изборни нерегуларности и инциденти и велат дека изборниот ден мирно се придвижува кон крајот.