Пратениците за четири години земале близу 3 милиони евра само за патни трошоци

51

Пратениците имаат право бесплатно да се возат со воз и автобус – но не го користат. Омилени им се нивните автобомили со кои за четири години потрошиле близу три милиони евра. Толку пари за патни трошици им ги исплатило Собранието во периодот од 2015 до 2019 година. Антикорупциската комисија утврди дека во 2015 година биле потрошени нешто повеќе од 770 илјади евра, а во 2019 година сумата е речиси двојно намалена и изнесува 390 илјади евра. Сумата е намалена бидејќи се намали износот што пратениците го добиваат за патни трошоци, но од друга страна сега се зголеми бројот на пратеници одлучиле да добијат пари за закуп на стан.

До 2017 година само три пратеници користеле право на стан, закуп, а во 2018 и 2019 година 15 пратеници го користст пова право, соопшти Катица Николовска.
Во изминатите четири години, 23 пратеници имале сопствени станови или станови на име на членови од нивното потесно семејство, лицирани во Скопје, но сепак добивале пари за патни трошоци. Но, збунува можноста што им се остава на пратениците ако имаат стан помал од 80 метри квадратни во Скопје да може да добијат пари за закуп на стан.

Дали тоа значи дека ако еден пратеник има два стана од по 75 метри квадратни може да користи стан под закуп. Не е утврдена ниту максимална квадратура на изнајмување, воз ависност од тоа дали живее сам или со семејство. Од договорите виднo е дека за различна квадратура се плаќа ист износ, сите земаат 400 евра надомест и 100 евра за режиски трошоци, рече Николовска.
Антикорупционерите го повикаа новото парламентарно мнозинство да стави ред на трошењата за пратеници со точно увтдерни правила и методологија.