Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за потврдување на петте одлуки на Пендаровски

13

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на денешната координација одлучила дека нема да гласа за потврдување на петте одлуки на претседателот Стево Пендаровски.

 

Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека одлуките на претседателот биле донесени за справување со здравствената криза, а според нив ситуацијата сега е полоша. Исто така сметаат дека вонредната состојба била злоупотребена од техничката влада за да се носат уредби, кои не биле неопходни.

 

Според Уставот, постоењето на вонредна состојба на територијата на Македонија или на нејзин дел го утврдува Собранието по предлог на претседателот на Републиката, Владата или најмалку 30 пратеници. Ако Собранието не може да се состане, одлука за постоење на вонредна состојба донесува претседателот на Републиката и му ја поднесува на Собранието на потврдување штом тоа ќе е во можност да се состане.

 

Прочитајте и…  Бислимоски: Доколку компаниите се подготвени да работат со загуба, ние за 24 часа ќе ја промениме одлуката за цената на струјата

При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила. Вонредна состојба, се пропишува понатаму во Уставот, настанува кога ќе настанат големи природни непогоди или епидемии.

 

Втората вонредна состојба беше донесена на 16 април, третата на 16 мај, четвртата на 30 мај и петата на 15 јуни оваа година. За да бидат изгласани потребно е двотретинско мнозинсатво.