Пратеници од претходниот парламентарен состав сведочат на судењето за ,, 27 април”

16

По барање на обвинетиот Трајко Вељановски, денеска на судењето за организаторите на крвавиот четврток, сведочат неколкумина пратеници од претходниот парламентарен состав.

Никола Мицевски, Крсто Јовановски, Благица Ласковска, Панчо Минов се дел од пратениците кои денеска ќе сведочат пред судот за текот н конститутивната седница по парламентарните избори во 2016-та година.

На предлог на поранешниот собраниски спикер Трајко Вељановски, на минатото рочиште беше презентирана снимка од конститутивната седница на Собранието на 27 април 2017 година.

Обвинети за организирање на случувањата од 27 април се: Трајко Вељаноски, ексминистрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Обвинети се за кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.