Пратеничките прашања започнаа со едноминутно молчење, во чест на загинатите во Албанија

6

Со едноминутно молчење за жртвите во страотниот земјотрес во Албанија, започна собраниската седница со едниствена точка на дневниот ред пратенички прашања.

Бројот на лица кои загинаа од силниот земјотрес во Албанија се зголеми на 40, соопшти министерството за одбрана на Албанија.

Албанското министерство за здравство и социјална заштита претходно соопшти дека 658 лица се повредени во земјотресот со силина од 6,4 степени според Рихтер, кој тоа подрачје го погоди во вторникот наутро.