Прајут Чан-оџа: Нападот во трговскиот центар е најкрвавиот во историјата на Тајланд

7

Во болниците се уште се 32 лица од ранетите, додаде Прајут Чан-оча, кој го посети градот за да се сретне со повредените, пренесе ДПА.

Вкупно 26 лица загинаа во најкрвавиот напад во историјата на Тајланд, изјави премиерот Прајут Чан-оча, цитиран од светските агенции.
-Загинаа 27 лица, вклучувајќи го и напаѓачот, а 57 се ранети, изјави премиерот на прес конференција по завршувањето на опсадата на трговскиот центар „Рерминал 21″ во североисточниот тајландски град Након Рачасима.

Во болниците се уште се 32 лица од ранетите, додаде Прајут Чан-оча, кој го посети градот за да се сретне со повредените, пренесе ДПА.

-Ситуации како оваа никогаш немало во Тајланд, подвлече премиерот, цитиран од германската агенција.

„ Да се надеваме дека ова ќе биде прв и последен пат”, додаде тој.
Напаѓачот, 32-годишен војник, беше застрелан од специјалните безбедносни сили по опсадата на трговскиот центар што траеше речиси цела ноќ.

Премиерот потврди дека веројатниот мотив за ова безумие бил некаков спорен договор за земјиште, од кој напаѓачот се чувствувал измамен.