Прва во светот, Британија започнува вакцинирање со оксфордската вакцина

14

Денеска Велика Британија прва во светот започнува со вакцинација со вакцината на фармацевтската компанија „Астразенека“ и Универзитетот во Оксфорд.

Вкупно 530 000 дози на вакцината се распределени во шест англиски болници, пренесува Гардијан.

Вакцинацијата потоа ќе продолжи и на стотици други места, а британската влада се надева дека десетици милиони дози ќе бидат доставени за неколку месеци.

Вакцината од Астразенека и Оксфорд е поевтина и може да се чува во фрижидер, така што транспортот и употребата се полесни.

Минатиот месец, Велика Британија прва во светот започна со вакцинација со вакцината Фејзер и Бионтек, која мора да се чува на многу ниски температури.