Прва пресуда за воени злосторства во Украина: Руски војник осуден на доживотен затвор

0

Руски војник беше прогласен за виновен и осуден на доживотен затвор за убиство на невооружен цивил на првото судење за воени злосторства во Украина за време на руската инвазија на таа земја.

Вадим Шишимарин (21) се изјасни за виновен за убиството на 62-годишниот цивил Александар Шелипов во североисточното украинско село Чупахивка на 28 февруари, пренесува британски Гардијан.

Тој призна дека пукал во Шелипов, но рече дека постапил по наредба и побарал прошка од семејството на жртвата.

– Со ова прво судење испраќаме јасен сигнал дека секој сторител, секој кој наредил или помогнал во извршување на злосторства во Украина нема да избега од одговорност, изјави главната обвинителка Ирина Венедиктова.

– Дали ја прифаќате вината, го праша судијата.

– Да, одговори Шишимарин.

– Целосно?, одговори судијата, а војникот тивко рече „да“.

Обвинителите тврдат дека Шишимарин командувал со единица во тенковска дивизија кога неговиот конвој бил нападнат.

Шишимарин и уште четворица војници украле автомобил, а додека биле во близина на Чупахивка наишле на 62-годишен маж на велосипед, соопшти обвинителството.

На Шишимарин му беше наредено да убива цивили и користеше калашников за да убива, додаваат тие.

Кремљ тврди дека нема информации за судењето на рускиот војник и го обвинува Киев за фабрикување обвиненија.

– Се уште немаме информации. Помошта (на обвинетите) е многу ограничена поради недостигот на дипломатско претставување, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, .