Прва смрт од вирусот во Грција

20

Во Грција утрово е пријавена првата смрт од коронавирус.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, станува збор за шеесет и шестгодишен маж кој се вратил од аџилак во Израел и Египет кон крајот на февруари.

Во изјавата на грчкото Министерство за здравство се вели дека починатиот имал и други здравствени проблеми.

Во Грција се потврдени 99 заразени со вирусот.