Прва фотографија од Јанева по пуштањето во домашен притвор (ФОТО)

12

Бившата шефица на СЈО беше ставена во домашен притвор пред два дена.
Првата фотографија од бившата шефица на СЈО, Катица Јанева излезе на социјалните мрежи, откако таа беше ставена во домашен притвор пред два дена.

Обвинетата во случајот „Рекет“, сега престојува во зграда спроти студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, а фотографијата се претпоставува дека е направена од некој од нејзините соседи.