Првиот сопруг на Џеј Ло не е убеден дека нејзиниот брак со Бен Афлек ќе трае

9

Ојани Ноа, првиот сопруг на Џенифер Лопез, верува дека нејзиниот брак со Бен Афлек нема да трае бидејќи таа, наводно, губи интерес откако страста ќе спласне.

Ѕвездата на „Омажи се за мене“ (Marry Me) се венча со актерот и режисер на почетокот на овој месец, речиси 20 години откако ја прекинаа нивната свршувачка, но Ноа – кој беше во брак со Лопез од февруари 1997 до јануари 1998 година – е скептичен за тоа колку силна ќе биде нивната заедница.

Тој изјави за весникот „Мејл он сандеј“: „На неа и на Бен им посакувам сè најдобро, но не сум убеден дека ќе потрае. Џен сака да биде вљубена, но таа беше свршена шест пати. Бен е сопруг број четири. Јас бев сопруг број еден и ми рече дека јас сум љубовта на нејзиниот живот. Кога лежевме во кревет на нашата брачна ноќ, таа рече дека ќе бидеме заедно засекогаш.“

 

„Среќен сум што му се врати во Бен, но имам чувство дека ова нема да трае.“

„Мислам дека таа е некој што ќе се омажи седум или осум пати. Мислам дека никогаш нема да се скраси со една личност. Таа се турка, постојано да оди напред во својот професионален живот, поради што има кариера долга три децении, но и во приватниот живот оди понатаму“.

Ојани работел како келнер во ресторан на плажа во Мајами кога првпат ја запознал Џенифер – која тогаш била на снимање на Blood and Wine („Крв и вино“) – но немал поим која е. Нејзиниот живот како мегаѕвезда на крајот зеде данок.

Тој се присети: „Многу пати се чувствував како господин Пепелашка. Џен беше најубавата жена што некогаш сум ја видел. На почетокот не знаев која е таа.“

„Се вљубивме кога веќе беше позната. Но во текот на нашиот брак таа стана мегаѕвезда. Со години беше премногу болно да се зборува. Продолжив со мојот живот. Но, кога видов дека се омажи за Бен, кој всушност е добар човек, чувствата се вратија.“