Први резултати на албанската ЦИК: Тесна победа на Еди Рама

9

Првите прелиминарни резултати на албанската Централна изборна комисија покажуваат дека владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама освоила најмногу – 46,2 отсто од гласовите на парламентарните избори.

Опозициската Демократска партија на Љуjзим Баша доби 44,7 отсто, а Социјалистичкото движење за интеграција на претседателот Илир Мета доби околу седум отсто од гласовите.

Според излезните анкети, на социјалистите на Рама им следи тесно мнозинство во албанскиот парламент, пренесува РТС.

Вчера околу 3,6 милиони граѓани со право на глас во Албанија избираа пратеници, кои ќе ги претставуваат во албанскиот парламент во следните четири години.

Фото: Ројтерс