Прв можен случај на заразен со коронавирус на Балканот

6

Во болница во Осиек, Хрватска, е хоспитализиран маж кој се наоѓа во излолација и на кому му се прават испитувања дали е заразен со коронавирус, јавува хрватски „Дневник“.

Министерот за здравство на Хрватска, Вили Берош, изјавил дека досега се направени две тестирања и дека се прави уште едно. Сепак, тој верува дека станува збор за вироза или грип.

„Веројатно е вируза, можеби и груп, но морам да потенцирам дека резултатите од првиот скрининг беа позитивни, а потоа се направени и дополнителни испитувања. Првото дополнително тестирање беше негативно по што со посебен автомобил беа испратени нови примероци на дополнително тестирање“, изјавил Берош.

Од болницата во Осјек изјавиле дека пациентот денеска цел ден нема температура и дека се чувствува добро.

„Пациентот добил температура десетиот ден по враќањето од Кина, еднократно од 38 степени. Колегите од општа медицина го упатија во болницата, па ние го примивме и изолиравме. Денеска е добар, нема температура, но сè уште е изолиран“,

изјавила Лилјана Периќ од Клиниката за инфектологија.
Таа потенцирала дека им е „јавено дека тестот е негативен“, но оти конечниот резултат ќе го имаат вечерва. Ако пациентот се чувствува добро и тестот е негативен, докторката најавила дека нивниот план е да го отпуштат од болница.