Прв случај на коронавирус во Македонија

9

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е потврден првиот случај на коронавирус, дознава МКД.мк неофицијално од лекарски извори.

Се појави првиот случај на лице заразено со коронавирис во Македонија, неофицијално дознаваме од извор на Скопските клиники.

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче и д-р Жарко Караџовски од Институтот за јавно здравје се очекува во секој момент да дадат изјава за медиумите во Медија центарот во Владата.

Три лица се пријавија денеска на Инфективната болница со симптоми на грип, на кои им беа извршени тестирања за коронавирусот, претходно соопшти министерот Филипче.

Кај двете лица резултатите биле негативни, а за третото лице резултатите излегле позитивни.

Според министерот, станува збор за македонски граѓани што изминатиов период патувале во Италија, а на Инфективната клиника се пријавиле сами.