Прв случај на корона вирус во европските институции

12

Европските институции потврдија дека е детектиран првиот потврден случај на заразен со корона вирус во Европската агенција за одбрана (ЕДА), јави дописничката на МИА.

Информацијата прв ја објави Еурактив и е потврдена утрово од страна на прес службите на ЕДА.

Станува збор за вработен во агенцијата кој неодамна патувал во Италија, според информациите на Еурактив, од неговото враќање од Италија, функционерот имал средби со околу триесетина други вработени во ЕУ институциите. Еден член од неговото семејство развил симптоми и ги чека резултатите од тестовите.

Европската агенција за одбрана се наоѓа во Брисел. Белгија утрово потврди уште десет случаи на заразени од корона вирусот покрај претходните тринаесет.