Преживеаа скијачите кои беа затрупани од лавината: Некои сами успеале да се извлечат од снегот

9

Голема лавина вчера затрупа скијачка патека во швајцарскиот скијачки центар „Андермат“, при што затрупа шестмина скијачи. За среќа, сите од нив преживеале.

Две лица со полесни повреди биле спасени во операцијата на швајцарските спасувачки служби, останатите четворица кои поминале без повреди, исто така се биле или спасени од спасувачките служби, или самите успеале да се извлечат од снегот.

Како што соопштија тамошните власти, сите шестмина скијачи биле швајцарски државјани. Потрагата била прекината доцна синоќа откако било пребарано целото погодено подрачје и било утврдено дека нема повеќе исчезнати лица во лавината.

https://www.youtube.com/watch?v=JWOwS6hqbh0&feature=emb_title

На видео снимката објавena na YouTube може да се види како лавината во „Андермат“ ја прекрива скијачката патека на која има многу скијачи. Лавината била долга 300 и широка 60 метри, пренесува швајцарски 20min.ch.

Три лавини исто така го погодија и „Анкогел“, скијачки центар во Австрија. Една од лавините ја преминала и скијачката патека и затрупала две лица кои набрзо потоа биле извлечени од снегот.