Презентирани пораки меѓу Боки 13 и Заев на судењето за „Меѓународен сојуз“

11

Пораки кои си ги разменувале Бојан Јовановски и премиерот Зоран Заев, беа презентирани на денешното рочиште за случајот „Меѓународен сојуз”. Поточно, се презентираше и “What’s App” комуникација меѓу обвинетиот Јовановски, Заев и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Презентираните докази (разговори) според обвинителката Гаврилова, се од 2017 година.

Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, при што бара да одвои време за една средба.

– Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба. Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа, му пишува обвинетиот Јовановски, на премиерот Зоран Заев, според презентираната порака.

На ова барање премиерот Заев, му одговара дека ќе се видат и дека МВР ќе направи истрага и оти се надева дека се е легално.

Обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз” се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ. Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на доказната постапка). Како и правното лице ,,Меѓународен сојуз Скопје”.