Прекинат брифинг на Трамп поради пукање кај Белата куќа

5

Претседателот на САДДоналд Трамп нагло бил изнесен од брифинг просторијата на Белата куќа на 10 август, поради пукање во близина на оградата на Белата куќа.
Претседателот на САДДоналд Трамп нагло бил изнесен од брифинг просторијата на Белата куќа на 10 август, поради пукање во близина на оградата на Белата куќа.
Сподели
Печати

Претседателот на САД Доналд Трамп нагло бил изнесен од брифинг просторијата на Белата куќа на 10 август, поради пукање во близина на оградата на Белата куќа. Агент на Тајната служба го прекина Трамп само неколку минути откако започна брифингот за коронавирусот во САД, велејќи: „Господине, може ли да ве замолам да дојдете со мене?“ Трамп и неговиот персонал потоа ја напуштија просторијата. Подоцна се врати и ја продолжи прес-конференцијата, велејќи дека ситуацијата се чини дека е под контрола.

Трамп ги потпиша уредбите за помош на Американците

Трамп рече дека едно лице е однесено во болница и тој не ја знае состојбата на поединецот. „Припадници на законот пукаа врз некој, се чини дека е осомничен. И осомничениот е на пат кон болница“, рече Трамп. Подоцна е соопштено дека имало пукање и оти еден човек бил застрелан од службеник на Тајната служба во близина на Белата куќа. Не се дадени дополнителни детали за пукањето. Безбедноста околу Белата куќа е зголемена од протестите кон крајот на мај и јуни, за расна правда. Претседателот, кој бара повторен избор на 3 ноември изјави дека пукањето „можеби немало никаква врска со него“.