Прекин на огнот во Нагорно Карабах

25

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека Азербејџан и Ерменија се согласиле на прекин на огнот и „суштински“ мировни разговори со цел да се стави крај на последната борба околу спорниот регион Нагорно Карабах. Лавров ја објави одлуката по 12 часа разговори во Москва со министрите за надворешни работи од двете јужно кавкаски држави.

Прекинот на огнот ќе стапи на сила денеска напладне. Според Лавров, тоа ќе овозможи размена на затвореници и тела на луѓе кои биле убиени во судирите во последните две недели во и околу Нагорно Карабах. Се верува дека стотици војници и непознат број цивили се убиени во борбите.

Тој информираше и дека Меѓународниот комитет на Црвениот крст ќе биде посредник во разговорите. Немаше непосредна потврда за планот ниту од Ерменија ниту од Азербејџан. Сепак, Министерството за надворешни работи на Баку објави соопштение во кое се наведени само деталите за прекинот на огнот, но не се даваат други коментари.

Неколку часа пред примирјето да стапи на сила, обете страни ја обвинија другата за нови напади. Официјалните лица за одбрана на Азербејџан тврдат дека етничките ерменски сили гранатирале населени области. Министерството за одбрана на Ерменија тврди дека Азербејџан продолжува да користи беспилотни летала да таргетира ерменските позиции.