Прекршување на протоколите за време на партиските митинзи, Заев: Граѓаните доаѓаат по сопствена иницијатива

3

Премиерот на државата и истовремено претседател на СДСМ, на прашање за прекршување на здравствените протоколи за време на партиските митинзи, рече дека граѓаните кои не ги почитуваат мерките доаѓаат самоиницијативно на овие собири и дека политичките субјекти ќе даваат се од себе да ги почитуваат протоколите.

„Апелирам до вас да се обратите до надлежните институции, јас сум тука како премиер и не сакам да зборувам како претставник на политичка партија. Проблемот е што доаѓаат луѓе од надвор кои не ги почитуваат мерките. Нема договор, сите ние ветивме дека ќе направиме се. Но, ние ќе се потрудиме да ги почитуваме протоколите. Зборуваме за граѓани кои доаѓаат на собири самоиницијативно“, рече Заев.