Премиерката на Финска во посета на Македонија

0

Премиерката на Финска денеска ќе пристигне во Македонија. Како што соопштија од кабинетот на македонскиот премиер, Димитар Ковачевски ќе ги пречека Марин и делегацијата на финската влада на платото пред македонската Влада по што премиерите ќе имаат тет-а-тет разговори.

По разговорите на Ковачевски и Марин ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

На крајот премиерите ќе одржат заедничка прес-конференција.

Потоа претседателот на Македонија Стево Пендаровски ќе ја прими Марин.

Oд МВР утрово соопштија дека поради посетата на финската премиерка во Скопје ќе биде организиран посебен сообраќаен режим.