Премиерот Ковачевски утре на средба со бугарскиот претседател Румен Радев

4

Владина делегација составена од 16 министри, членови на кабинетот и премиерот Димитар Ковачевски од денеска се во дводневна официјална посета на Софија.

Во Бугарија ќе биде одржана заедничка меѓувладина седница на која од македонска страна ќе присуствуваат:

Н. Е. г-дин Димитар Ковачевски, Претседател на Владата на Република Северна Македонија
Н. Е. г-дин Артан Груби, прв заменик на Претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Н. Е. г-дин Фатмир Бетиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања и координација на економските ресорси
Н. Е. г-ѓа Славица Грковска, заменик на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење
Н. Е. г-дин Бујар Османи, министер за надворешни работи
Н. Е. г-дин Фатмир Бесими, министер за финансии
Н. Е. г-дин Крешник Бектеши, министер за економија
Н. Е. г-дин Љупчо Николовски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство
Н. Е. г-дин Јетон Шаќири, министер за образование и наука
Н. Е. г-дин Горан Милевски, министер за локална самоуправа
Н. Е. г-ѓа Бисера Костадиновска-Стојчевска, министер за култура
Н. Е. г-дин Благој Бочварски, министер за транспорт и врски
Н. Е. г-дин Насер Нуредини, министер за животна средина и просторно планирање
Н. Е. г-дин Адмирим Алити, министер за информатичко општество и администрација
Г-дин Мартин Попов, шеф на Кабинет на ПВРСМ
Г-дин Едмонд Адеми, советник за надворешни работи на ПВРСМ

За утре е најавена и средба со старо-новиот претседател на Румен Радев, кој во саботата беше инаугуриран.

Премиерот Димитар Ковачевски ќе биде прв гостин на Радев во неговиот втор мандат.