Премиерот на Белорусија ја прими руската вакцина против коронавирус

7

Премиерот на Белорусија, Роман Головченко, ја прими руската вакцина против коронавирусот и тој се чувствува одлично, изјави неговата портпаролка Александра Исаева.

Таа изјави дека Головченко ја примил вакцината во четвртокот, по разговорите со рускиот премиер и дека се чувствува одлично, пренесува ТАС.

Рускиот премиер, Михаил Мишустин, за време на состанокот со белорускиот претседател Александар Лукашенко изјавил дека Головченко одлучил да ја прими руската вакцина против коронавирус.

„Мило ми е што Роман Александрович Головченко одлучи да ја прими вакцината денес. Сигурен сум дека сè ќе биде во ред“, рекол тогаш Мишустин.

Рускиот претседател, Владимир Путин, и белорускиот претседател, Александар Лукашенко, претходно се согласија Белорусија да биде една од првите земји во која ќе биде дистрибуирана вакцината против коронавирус „Спутник V“, развиена од рускиот институт „Гамалеја“.

Покрај тоа, Белорусија ќе учествува во последната фаза на клинички испитувања на оваа вакцина, која на 11 август стана првата регистрирана вакцина од ваков вид во светот.