Премиерот на Малта во јануари поднесува оставка

13

Премиерот на Малта Џозеф Мускат изјави синоќа дека ќе си поднесе оставка во јануари по притисокот на граѓаните барајќи вистина за убиството на новинарката во Дафне Каруана Галиција.

Мускат во телевизиското обраќање рече дека го известил претседателот дека ќе поднесе оставка на функцијата лидер на владејачката Лабуристичка партија на 12 јануари и дека ќе „поднесе оставка како премиер во наредните денови“.

Претходно, членовите на малтешката Лабуристичка партија го поддржаа Мускат.

Малтешките медиуми претходно објавија дека Мускат би можел да остане на функцијата до јануари кога партискиот конгрес ќе избере нов лидер.

Во меѓувреме, речиси 20.000 луѓе протестираа барајќи оставка на Мускат и Владата.