Премирот на Летонија ја смени министерката за здравство поради нејасен план за вакцинација

11

Премиерот на Летонија, Крисјанис Каринс побара од министерката за здравство да поднесе оставка затоа што смета дека не е јасен планот за вакцинација против корона вирусот.

Каринс рече дека Летонија се соочува со „последици од непостоење на јасен и разбирлив акционен план“ за вакцинација против корона вирусот.

Летонските власти порано наведоа дека планираат вакцинација на жителите со вакцината на „Астра Зенека“ која не е одобрена од Европската Унија.

Опозицијата го критикуваше тој план и спороста во процедуата за вакцинација.

Министерката за здравство Илзе Винкеле го прифати барањето на премиерот да поднесе оставка, но му упати критики.

„Премиерот се обидува да ја избегне сопствената одговорност за решавање на кризата со корона вирусот. Нашиот план за вакцинација е подетален од оние кои ги усвоија Естонија и Германија“, наведе таа и додаде дека до крајот на 2021 година ќе биде вакцинирано 80 отсто од населението.