Преплашен водител чита вести опкружен со вооружени талибанци (ВИДЕО)

25

Снимка на телевизиски водител од Авганистан кој, опкружен со вооружени талибанци, ѝ кажува на публиката дека не треба да се плаши масовно се шири на социјалните мрежи.

Снимката го прикажува водителот кој ѝ кажува на гледачите дека не треба да стравуваат, додека зад него стојат вооружени талибанци. Водителот изгледа преплашено. Медиумите јавуваат дека околу него се најмалку осум талибанци и дека читал однапред подготвен текст.

„Со вооружените талибански борци кои стојат зад него, водителот на програмата Пис студио на авганистанската телевизија вели дека Исламскиот емират (назив кој го користат талибанците) сака јавноста да „соработува со него и дека не треба да се плаши“, објави новинарот на Би-би-си Киан Шарифи на Твитер.

Минатата недела Дојче веле објави дека талибанците убиле роднина на еден од нивните новинари. Германската агенција наведува и дека талибанците упаднале во домовите на тројца новинари. Новинар на Толо њуз и снимател талибанци ги нападнале додека снимале извештај во Кабул.

Репортери без граници објавија дека досега се забележани најмалку седум напади врз новинари од доаѓањето на талибанците на власт.